|

ССМ: Недела останува неработен ден, уставен суд не поведе постапка

Уставниот суд не поведе постапка за иницијативата од Стопанската комора на Македонија за тоа недела да не биде неработен ден, изјавија од Сојузот на синдикати за „Слободен печат“.

– Ова е конечна одлука од Уставениот суд и е победа на нашите заложби недела да биде ден за одмор. Недела останува неработн ден! Сојузот на синдикатите на Македонија како репрезентативен синдикат и национален социјален партнер во државата беше иницијатор и најголем поддржувач на законските измени со кои денот недела е уреден како неработен ден за најголемиот број на вработени во државата .Работниците веќе го чувствуваат бениф­итот од ова право, ден на неделен одмор да биде недела кое е уредено во законите ( ЗРО , Закон за тр­говија )​ што е во целост согласно одре­дбите од​ Уставот на Република Северна Македонија со кои е уредено дека секој вработен има право на платен неделен и го­дишен одмор и дека од тоа право работниц­ите не смеат да се откажат, а работодава­чите не смеат да го ограничат- велат од ССМ.



Слични Објави