| |

(Видео) Милотинова: Му испратив писмо на Вархеји за законските измени, кои имаат за цел затворање на клубовите на македонските Бугари во РСМ

Јас лично бев многу изненадена од тоа што тој (еврокомесарот Оливер Вархеји бел. ред) не е запознаен со тие законски измени, бидејќи тие се тема во двете земји, во РС Македонија како кандидат за член. Токму затоа му испратив писмо, во коешто детално ги опишувам законските измени. Станува збор за измени на два закони во РС Македонија, Законот за политичките партии и Законот за здруженија, кои имаат за цел буквалното затворање на културните клубови на локалните македонски Бугари. Ова го изјави познатата бугарска новинарка Милена Милотинова, во утринската програма на Бугарската национална телевизија.

Таа потсети дека дека овие здруженија постојат неколку години и се регистрирани според сите законски регулативи во РС Македонија, но дури сега станале проблем.

„Клубот „Иван Михајлов“ постои од 2019 г, а клубот „Цар Борис III“ во Охрид постои од една година. Дури сега тие станаа проблематични и се наметна потреба извонредно брзо, нешто не е вообичаено за РС Македонија да се изгласа овој закон“, изјави Милотинова.

Таа подвлече дека ќе го очекува коментарот на еврокомесарот Вархеји, откако тој, ќе се запознае со законските измени.

„Јас лично ќе го очекувам коментарот на еврокомесарот Вархеји, откако тој, ќе се запознае со законските измени, ќе ми биде многу интересно, како комесарот Вархеји би го коментирал тоа законодавство“, изјави Милотинова.

Таа ја информираше јавноста дека организации на македонските Бугари подготвуваат писмо до комесарот Вархеји за претстојната средба со него, за која тој се обврзал со изјава во интервјуто за познатата бугарска новинарка.

Милотинова е децидна дека Брисел посериозно ја следи ситуацијата во Република Северна Македонија, бидејќи овие клубови сега станаа проблем.

„Прашањето е зошто сега? Најверојатно затоа што тие, започнаа да се борат многу поактивно, за своите права и рамноправност. Мислам исто така дека не се проблем имињата, но тие се удобен изговор“, изјави Милотинова.

Целиот разговор со Милена Милотинова погледнете го во видеото што следи.

Слични Објави