| |

ПОЧНА СЕДНИЦАТА НА КОЈА ТРЕБА ДА БИДЕ РАЗРЕШЕНА КАТИЦА ЈАНЕВА

Собранието ја почна 112. седница со единствена точка на дневен ред разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор и осомничена за случајот „Рекет“, јавува 1ТВ.

Излагање од собраниската говорница треба да има по еден пратеник од секоја политичка партија, поради што се очекува процедурата да заврши брзо.

Одлуката на Собранието потоа се доставува до Советот на Јавни обвинители кои го имаат последниот збор.

Мандатот на Јанева истекува утре и таа може да биде разрешена само пред тој датум.



Слични Објави