ФРОСИНА ФАКОВА- СЕРАФИНОВИЌ ЗА МОНСТРУОЗНИТЕ ИГРИ НА ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА

//

Додека вмровците со сите сили се обидуваат да се спасат од обвиненијата, а власта глуми дека нема да дозволи случаите да пропаднат, никој не ги спомнува родителите и семејствата на убиените момчиња и рибарот кај Смилковското езеро. Ним сигурно, по којзнае кој пат, им се распарчуваат срцата и нервите гледајќи со каква леснотија политичарите се пазарат со доказите и правдата. Седум години откако им беа убиени најмилите нема ниту еден осуден и никој не лежи во притвор за тоа што ѕверски со автоматски пушки ги наредија и ги изрешетаа четворицата матуранти и рибарот.

Сега кога СЈО и официјално е под клуч, предметот што го водеше обвинителката Фатиме Фетаи пак ќе се врати во редовното обвинителство, од каде што дојде. Накратко, во 2014 година судот ги осуди на доживотен затвор шесттемина обвинети за петкратното убиство. По три години Врховниот суд ги укина пресудите, сите осудени беа пуштени на слобода, а случајот беше вратен на повторно судење. На почетокот од 2018 година почна повтореното судење, а случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство. Ова е накратко текот на случајот низ судовите, но сите овие години, семејствата во судница требаше да слушаат како ги убивале нивните деца и да седат во иста просторија со обвинетите, нивните роднини и притоа да ги контролираат својата тага и револт. СЈО беше нивната нова надеж дека ќе се докаже вината и дека ќе се откријат нарачателите. Но, СЈО го уништија, „бомбите“ кои Заев ги најавуваше не ги слушнавме, а случајот „Монструм“ сега пак треба да се врати во редовното Јавно обвинителство кај што беше.

(ЦЕЛИОТ НАПИС НА ФРОСИНА ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВДЕ)



Претходна статија

ПОЧНА СЕДНИЦАТА НА КОЈА ТРЕБА ДА БИДЕ РАЗРЕШЕНА КАТИЦА ЈАНЕВА

Следна статија

ВИДЕО: НЕМОЈТЕ ДА СЕ ПРАВИТЕ ФРАЕРИ, ОТИ МОЖЕТЕ ДА НАЛЕТАТЕ НА „ТИГРИ“

Најново од Вести