ГАЛЕРИЈА: КОИ СЕ И ШТО ПРАВАТ ДЕЦАТА НА НАЈБЛИСКИТЕ СОРАБОТНИЦИ НА ВЛАДИМИР ПУТИН?

Видете кои се наследниците на „аристократите“ од најблиското опкружување на најмоќниот човек во Русија – Владимир Путин.

Денис Бортников – син на директорот на ФСБ Александар Бортников
Борнников (43) е член на одборот на директори на Внештрогбанк (ВТБ). Дипломирал економија на Универзитетот во Санкт Петербург во 1996 година веднаш потоа се вработил во еден од клоновите на ВТБ- Индустриската градежна банка.
Игор Чајка – син на рускиот јавен обвинител Јури Чајка
Игор Чајка е сопственик на неколку компании од областа на земјоделството. Чајка Џуниор е еден од основачите на Руската федерација по џудо, а исто така и на една од компаниите што ги контролира руските државни железници.
Пјотр Фрадков – син на поранешниот директор на Службата за надворешно разузнавање и поранешен премиер Михаил Фрадков. Фрадков џуниор е директор на  компанијата „Руски извозен центар“ АД и претседател на Одборот на директори на „Росексимбанк“. Фрадков е професор по меѓународна бизнис економија на Високата школа за економија во Москва. Братот на Пјотр, Павел е заменик-началник на Управата за сопственост на претседателската администрација.
Сергеј Иванов – син на поранешниот шеф на администрацијата на претседателот,  Сергеј Иванов
Иванов Џуниор е шеф на компанијата за екстракција на дијаманти АЛРОСА од 2017 година. 38-годишниот менаџер дипломирал на Московскиот државен институт за меѓународни односи на катедрата за „финансии и кредитирање“, а работел и како главен експерт за управување со меѓународни проекти во “Газпромбанк “. Во 2011 година станува претседател на Одборот на директори на „СОГАЗ“ (една од најголемите осигурителни компании поврзани со “Газпром”), а подоцна станува – виш потпретседател на „Свербанк“.
Владимир Кириенко – син на Сергеј Кириенко, прв заменик претседател на администрацијата на претседателот Владимир Путин.
Владимир е заменик-претседател за развој и менаџмент на Ростелеком, најголемиот снабдувач со дигитални услуги во земјата каде што државата има најголем дел од сопственоста. Претходно Владимир Кириенко управува со инвестиционен фонд со почетен капитал од 47,8 милиони долари заедно со својот партнер, Александар Ајвазов.
Алексеј Козак – син на заменик премиерот Дмитриј Козак.
34-годишниот Козак е сопственик на рускиот огранок на компанијата за недвижнини Zueblin Immobilien. Од 2009 до 2014 работи во ВТБ Капитал, каде што се занимава со директни инвестиции и финансирање на проекти од областа на недвижностите.
Игор Козин – син на првиот потпретседател на рускиот олимписки комитет Владимир Козин
Игор Козин е директор на компанијата “Ice Arena”, која го доби тендерот за изградба на пет лизгалишта во Москва во вредност од повеќе од 1 милијарда рубли. Пред да наполни 30-години, Козин беше рангиран на 112 место во изданието на „Деловен Петербург“ во листата „Најбогатите луѓе во Санкт Петерсбург“, со богатство проценето на 6,4 милијарди рубли (околу 54 милиони долари ).
Екатерина Винокурова – ќерка на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Родена е во Њујорк во 1982 година, ќерката на Лавров е сопственик на Smart Art, компанија која промовира млади уметници. Претходно таа беше директор на руската подружница на куќата за аукции „Кристи“. Мажена е за бизнисменот Александар Винокуров, поранешен претседател на групата „Сумма“ на милијардерот Зијавудин Магомедов.
Сергеј Матвиенко, син на Валентина Матвиенко, претседател на Советот на федерацијата (горниот дом на рускиот парламент)
До 2013 година, Сергеј Матвиенко беше директор на секторот за развој на ВТБ. Синот на Валентина Матвиенко ја започнал својата кариера во 2001 година во банка во Санкт Петербург, а четири години подоцна станал заменик-претседател на ВТБ. Во моментов, работи во приватниот бизнис, ко-сопственик е на 8 компании.
Дмитриј Патрушев – син на ген. Николај Патрушев, поранешен директор на ФСБ и сегашен секретар на Советот за безбедност на Русија
Дмитриј Патрушев (роден 1977) е министер за земјоделство во најновата влада на Дмитриј Медведев. Од 2010 година,  тој беше директор на „Росселхозбанк“. Во 2016 година тој беше награден со призот „банкар на годината “од страна на Здружението на руските банки. Неговиот помлад брат, Андреј, е директор на компанијата “CentrCaspneftegaz”, заедничка компанија на „Газпром” и „Лукоил”.
Алексеј Рогозин, син на поранешниот заменик-премиер Дмитриј Рогозин.
Синот на Рогозин е потпретседател на Обединетата воздухопловна корпорација (ОАЦ), државна компанија која раководи со најголемите руски авионски претпријатија. Претходно, младиот Рогозин работел во Одделот за имотно правни работи на Министерството за одбрана.
Јулија Шоигу – ќерка на министерот за одбрана Сергеј Шоигу
Јулија е директор на Центарот за вонредна психолошка помош во Министерството за вонредни ситуации на Русија. Коосновач на Здружението на психолози на безбедносните структури.