| |

Германија: Албанија заслужи преговори со ЕУ, ова е сигнал за останатите кандидати

„Процесот на пристапување во ЕУ се заснова на заслуги и од одобрението на сите земји-членки, за спроведувањето на критериумите. Ова е сигнал за сите земји-кандидати за членство во ЕУ од регионот. Ова го изјави амбасадорот на Германија во Тирана Карл Бергнер на специјалниот пратеник на БГНЕС во Тирана Димитар Русков.

„Одлуката за отворање на првиот кластер со Албанија ќе ни овозможи многу подлабоко да разговараме за важните прашања со албанската влада. Ќе започнеме со владеењето на правото и борбата против корупцијата, која е важна за сите сфери и за развојот на Албанија“, нагласи германскиот дипломат.

На прашањето на БГНЕС што треба да направи Скопје за да го добие истиот резултат, Бергнер одговори: „Се надевам дека почетокот на преговорите за членство во ЕУ од страна на Албанија ќе даде сигнал на надеж и за останатите земји во регионот. ЕУ и нејзините членки се сериозни во врска со преговарачкиот процес. Ова е многу позитивен сигнал, дури и ако не сите кандидати имаат корист од тоа во исто време“, изјави германскиот амбасадор во Албанија Карл Бергнер .

Слични Објави