Бугарските тимови по природни науки заземаат водечки позиции на меѓународните олимпијади
Бугарските тимови по природни науки заземаат водечки позиции на меѓународните олимпијади. Лани Бугариja освои над 90 медали на различни натпревари, јавува БНР.
„Бугарија е многу конкурентна во последните години во природните науки. Секоја година се враќаме со многу медали и не зборувам само за биолозите, туку и за хемичарите, физичарите, математичарите и програмерите“, вели Момчил Петков, добитник на сребрен медал од минатогодишната 35-та меѓународна олимпијада по биологија, која се одржа во Казахстан.
Во 2024 година младинците на бугарските олимписки научни тимови освоија 91 медал од различни меѓународни натпревари.
„Ова покажува дека има многу паметни луѓе во Бугарија. Само треба да бидат ценете за да можат да се стимулираат за да постигнат поголем успех“, посочи тој.
Момчил е воспитаник на Националното средно училиште за природни науки и математика. Како дете ја открил својата страст кон биологијата:
„Мајка ми работеше во ботаничкиот расадник доста долго и таму поминував долго време со професионалци“.
Момчил веќе е студент во Болоња:
„…но се надевам дека еден ден ќе можам да се вратам во Бугарија и да се занимавам со наука на реално светско ниво. Навистина ми се допаѓа математиката, каде што гледам дека е испреплетена со биологијата во генетиката, а ова е нешто што го учам Имам уште многу да научам, но се надевам дека еден ден ќе можам да дадам мојот мал придонес во знаењето на човештвото“.

