| |

ГДУ ЗА ЦЕНАТА НА ГОРИВОТО: ИСТО БОЛИ КОГА ЌЕ ВЕ УДРАТ И СО ДЕСНАТА И СО ЛЕВАТА РАКА

СДСМ бара да се намали акцизата за горивата

27.08.2012

СДСМ бара Владата итно да ја преполови акцизата за нафтените деривати до крајот на годината со што ќе ги поевтини бензините од 10 до 12 денари по литар.

Поскапувањата продолжуваат, а цените на енергенсите веќе стануваат неподносливи за просечниот македонски граѓанин, кој со страв го чека секој понеделник и седниците на Регулаторната комисија за енергетика, рече Марјанчо Николов од СДСМ на денешната партиска прес-конференција, укажувајќи на најновото поскапување на бензините за 2,5, а на дизел горивата за 1,5 денари.

Тој посочи дека власта упорно одбива да го направи она што е во нејзина моќ и да ги намали акцизите за нафтените деривати, а со тоа да ја намали и цената на горивата.

– Секоја година, Владата прави проценка за тоа колку пари ќе се слеат во државната каса од продажбата на нафтени деривати. Годинава, овој износ постојано се зголемува поради поскапувањето на нафтата, што значи дека се собираат повеќе приходи по основ на ДДВ за нафтените деривати, отколку што се испланирани, рече Никиолов и потсети дека лани, непосредно пред изборите, Владата ги намали акцизите за горивата.

ВМРО-ДПМНЕ: Секое домаќинство во просек плаќа 12.000 денари повеќе за дизел од лани

29 мај, 2018

СДСМ удри по најсиромашните, секое домаќинство во просек плаќа 12.000 денари повеќе за дизел од лани, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во него се додава дека „СДСМ не работи за граѓаните, затоа и ја покачи акцизата за 3,5 денари.“

„Тоа предизвика директен трошок од над 40 милиони евра за граѓаните и за стопанството, а во исто време ја поттикна спиралата на раст на цените, со што трошокот за граѓаните е неколкукратно поголем. Фрапантни се бројките кои покажуваат дека со една просечна плата во јуни 2017 година се купувале 487 литри дизел, а сега да можат да се купат само 364 литри, односно 123 литри помалку“, се додава во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои не се сложуваат со, како што велат, економската катастрофа која и се случува на државата на 2 јуни во 20 часот пред Владата, да излезат и да кажат „НЕ за економскиот колапс, за распродажбата на националните интереси, за заробената држава и партизираното судство.

Kако обично, ДУИ не се одовде, но за среќа тука се Амди Бајрам и Лилјана Поповска

Почитувани, веруваме дека е сеедно дали ве удираат со левата или со десната рака – со почит, Граѓанско демократска унија.



Слични Објави