УТРЕ ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ КОН ГРЦИЈА НЕМА ДА РАБОТАТ ЗАРАДИ ГЕНЕРАЛНИОТ ШТРАЈК ВО ЗЕМЈАТА

/

МВР информира дека добило известување од страна на грчките гранични полициски служби дека поради најавениот штрајк на грчките царински работници во текот на утрешниот ден сообраќајот на граничните премини со оваа соседна земја ќе биде во застој.

Имено, според добиеното известување, на Граничниот премин Меџитлија  утре (30.05.) од 00,00 часот до 24,00 часот, на грчкиот дел од преминот ќе биде во прекин целокупниот сообраќај за патнички и товарни возила, како и автобуси. Истото ќе важи и за Граничниот премин Стар Дојран каде што штрајкот ќе започне утре во 05,00 часот а ќе трае до задутре (31.05) до 05,00 часот, а ќе бидат пропуштени патнички возила само во одредени исклучителни, односно итни случаи.  И за Граничниот премин Богородица најавен е штрајк на грчките царински службеници во периодот од 07,00 часот утре до 07,00 часот наредниот ден.



Инаку, МВР ја информира јавноста дека по однос на неколкунеделниот прекин на сообраќајот на магистралниот пат Скопје -Приштина на потегот од Хани Елези – Качаник, поради градежни зафати, од денеска оваа делница е пуштена  за сообраќај.



Претходна статија

УТРЕ МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА БЕКТЕШИ ЌЕ ПОТПИШЕ МЕМОРАДУМ ЗА СОРАБОТКА СО IFC

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: КАРТЕЛОТ НА ВЛАСТ ПРЕДВОДЕН ОД ЗАЕВ ГИ НОСИ ГРАЃАНИТЕ КОН СИРОМАШТИЈА И БЕДА

Најново од Вести

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,