УТРЕ МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА БЕКТЕШИ ЌЕ ПОТПИШЕ МЕМОРАДУМ ЗА СОРАБОТКА СО IFC

Министерот за економија г-дин Крешник Бектеши и регионалниот менаџер за Централна и Југоисточна Европа на МФК, членка на Групацијата Светска банка, г-дин Томас Лубек, утре (30.05.2018 година) во 13 часот во х.„Александар Палас” ќе го потпишат Меморандумот за соработка со кој стартува спроведувањето на Проектот за решавање на долговите и излегување на деловните субјекти во Македонија.  Проектот ќе се спроведува во партнерство со владата на Швајцарија, претставена од страна на државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (СЕКО), а неговата цел е се надминување на сегашните пропусти во рамката за инсолвентност на деловните субјекти, со што ќе се помогне во зачувувањето на постоечките работни места и создавање на нови. На церемонијата на потпишување ќе претходи Тркалезна маса и дискусија на тема „Промени во законот за стечај”.