Каевски: СДСМ создава подобри услови за младите

/

„СДСМ, заедно со СДММ креира и реализира мерки и политики за зголемување на студентскиот стандард и обезбедување на подобри услови за живот на младите во државата.

Во таа насока се и измените и дополнувања на законот за субвенциониран студентски оброк, усвоени во Собранието, по поднесена иницијатива од Социјалдемократската младина на Македонија.

Мерката опфаќа околу 40.000 активни студенти, кои на почетокот на секој месец на сметка ќе добијат средства за субвенционирани оброци.

Министерството за образование и наука ќе врши исплата од околу 15 милиони евра директно на трансакциските сметки на корисниците.



Измените овозможуваат корисникот на субвенционираниот оброк да може го оствари своето право кај секој еден трговец.

Со ова се олеснува секојдневието на студентите, ќе се подобри студентскиот стандард, ќе се зголеми нивната финансиска стабилност и секој студент ќе може да го оствари своето право на здрав и квалитетен оброк во своето место на живеење.

СДСМ останува посветен на мерките и политиките што го унапредуваат квалитетот на животот на младите, создаваме подобри услови за сите млади во нашата земја“, изјави на прес конференција Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

Претходна статија

Филип Рикер со порака до ВМРО-ДПМНЕ: Договорот од Преспа е завршена работа

Следна статија

(Видео)Трендафилов: На македонското општество му е потребен непријател

Најново од Вести