|

Филип Рикер со порака до ВМРО-ДПМНЕ: Договорот од Преспа е завршена работа

Помошниот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, во интервју за „360 степени“ порача дека луѓето во Северна Македонија сакаат реформи и развој, дека има уште многу да се направи, и дека споредено со периодот кога ја заврши амбасадорката мисија во земјава во 2011 г, има голем напредок.

Рикер, кој е поранешен амбасадор на САД во Скопје воедно испрати порака до ВМРО-ДПМНЕ, дека Договорот од Преспа е завршена работа.

– Договорот од Преспа е завршена работа и ние овде, многумина од меѓународната заедница, дојдовме во Охрид за да ја прославиме и истакнеме важноста на Преспа и што претставува тоа. Направи значајни разлика, не само со тоа што отстрани препреки на патот, туку што овозможи да се зголеми соработката во регионот, придонесе за енергетска сигурност, за трговија, за инвестиции. Ова е уште едно долго поглавје, но со големи можности. Само погледнете ги одличните односи меѓу Северна Македонија и Грција кои се развија во сите сфери, од одбраната и безбедноста, како сојузници, до економските можности. Тоа ќе станува уште поважно како излегуваме од ковид, фокусирајќи се на економското закрепнување, фокусирајќи се на ланците на снабдување, на отпорноста. Тоа е иднината. Да се напредува и да не се гледа назад. Да се работи заедно. Не станува збор за партиски позиции и идеологии туку придвижување на земјата напред заедно, изјави Рикер за „360 степени“.



Слични Објави