(Видео)Трендафилов: На македонското општество му е потребен непријател

///

Во интервју за бугарската агенција БГНЕС претседавачот со Националниот комитет на партијата Граѓанско демократска унија Георги Трендафилов нагласи дека на македонското општество му треба непријател.

„Потребен ни е непријател, без оглед дали е реален или уште подобро, ако станува збор за донкихотовска ветерница, за да ги решиме нашите индивидуални и колективни фрустрации и да тврдиме дека нашата стагнација, индивидуална и колективна, се должи на омразата, што ја имаат кон нас голем број донкихотовски ветерници, што ние ги идентификуваме како непријатели, кои сакаат да не избришат од лицето на земјата, вели Трендафилов

Според него, омразата е енергијата што го обединува македонското општество. „Многу е веројатно дека ова се должи на фактот дека сме екстремно сиромашни како земја и индивидуално со низок економски и социјален статус во Европа“,додава Трендафилов.



„За 30 години откако Македонија стана независна држава, имаше периоди кога односите меѓу Македонија и Бугарија на владино ниво, на деловно ниво, беа подобри, но беа и полоши. Немам впечаток дека луѓето од двете страни на границата го делат оптимизмот што се разгоруваше во медиумите до неодамна “, истакнува Ѓорѓи Трендафилов.

Претходна статија

Каевски: СДСМ создава подобри услови за младите

Следна статија

Ректорката на Медицинскиот универзитет во Пловдив стана „д-р хонорис кауза“ на Европскиот универзитет во Скопје

Најново од Вести