Ректорката на Медицинскиот универзитет во Пловдив стана „д-р хонорис кауза“ на Европскиот универзитет во Скопје

//

Вчера во салата на Европскиот универзитет во Скопје се одржа свечена церемонија на која ректорот на Медицинскиот универзитет – Пловдив, проф. Д-р Маријана Мурџева беше удостоена со почесната титула „Доктор Хонорис Кауза“. Наградата ја врачи ректорот на Европскиот универзитет проф.д-р Владо Ванковски. Настанот се одржа во присуство на амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов, наставници, ученици и претставници на медиумите.

За време на церемонијата, проф. Д-р Мурџева ги запозна учесниците со активностите на Медицинскиот универзитет – Пловдив, а потоа одржа предавање на тема „Отпорност на антибиотици“.

Од своја страна, домаќините ги презентираа активностите на Факултетот за стоматолошка медицина, кој ужива се поголема популарност кај потенцијалните студенти со оглед на високото ниво на професионална обука и можностите за понатамошен развој во кариерата.



За време на посетата беа разгледани и можностите за продлабочување на соработката меѓу двата универзитета, којашто започна на почетокот на 2021 година со потпишување на Меморандум за соработка во сферата на научно-истражувачките активности.

Претходна статија

(Видео)Трендафилов: На македонското општество му е потребен непријател

Следна статија

СДСМ: Блокадата на ВМРО-ДПМНЕ на ребалансот на Буџетот е блокада за повеќе пари за здравство, образование и социјална заштита

Најново од Вести