ОПШТИНА ДОЈРАН ЌЕ ПОБАРА ОД ВЛАДАТА ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ И ПРЕСТОЈ НА НЕЈЗИНА ТЕРИТОРИЈА

/

Градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов информира дека локалната власт од Владата ќе бара да се донесе одлука за забрана за престој на домашни и странски лица во општината за време на вонредната состојба.

Барањето доаѓа откако советниците заклучиле дека во општината во овој период, за време на пандемијата на ковид-19,  има лица кои веќе подолго времепрестојуваат во викендиците .

Општината веќе донесе забрана за движење по сите зелени и рекреативни зони и туристички патеки, детските игралишта и спортските терени во Дојран, а со одлука на Владата затворен е и граничниот премин Дојран.



Претходна статија

ШЕФОВИТЕ НА ДРЖАВИ И ВЛАДИ НА ЕУ ЈА ПОТВРДИЈА ОДЛУКАТА ЗА СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

Следна статија

ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ЗАПОЧНА СО ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА СТАНБЕНИТЕ ЗГРАДИ

Најново од Вести