ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ЗАПОЧНА СО ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА СТАНБЕНИТЕ ЗГРАДИ

Општина Кисела Вода преку секторот за месна самоуправа и социјална грижа, од денеска, ќе врши дезинфекција на сите колективни станбени згради на својата територија.

Мобилни тимови организирани од Општината денеска вршат прскање за дезинфекција во зградите во урбаните заедници Драчево и Расадник. Утре ќе се врши дезинфекција во урбаните заедници Цветан Димов и Кисела Вода, во сабота во 11 Октомври згради и бараки, додека во недела ќе бидат опфатени колективните станбени објекти во Бирарија, Црниче, Пржино и Припор.