СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ГО НЕГИРА КУРТИ: НЕМА ТАЕН ДОГОВОР ЗА РАЗМЕНА НА ТЕРИТОРИИ МЕЃУ СРБИЈА И КОСОВО

Стејт Департментот ги отфрли како шпекулации информациите дека има таен план за размена на територии меѓу Косово и Србија, пренесува Алсат М.

Претходно премиерот во оставка на Косово Албин Курти изјави дека тоа било причината зошто и беше изгласана недоверба на неговата влада.

„Сакаме да појасниме дека таков план не постои. Специјалниот претставник Ричард Гренел ниту видел, ниту разговарал за таков план. Американската влада е фокусирана на поддршка на долгогодишните договори за враќање на воздушните, железничките и патните врски со цел да се подобри економската состојба и стопанството да земе замав“,  се вели во заедничката изјава потпишана од специјалниот пратеник на претседателот Трамп за дијалогот Косово-Србија, Ричард Гренел, амбасадорот на САД во Приштина, Филип Коснет и специјалниот претставник за Западниот Балкан, Метју Палмер.