|

ИЗОЛАЦИЈАТА ГИ ЗГОЛЕМИ СЛУЧАИТЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ЦРНА ГОРА

Изолацијата, воведена како мерка за ширење на епидемијата на корона вирусот, предизвика зголемување од 20 проценти на бројот на случаи на семејно насилство во Црна Гора и не се исклучува можноста дека таа бројка ќе се зголемува во наредните недели.

Во март, Националната СОС линија за жртви на семејно насилство забележа пораст од 20 проценти во повиците, според координаторката за Никшиќ, Наташа Меѓедовиќ, јави РТЦГ.

Во последната седмица, линијата на СОС имала 69 повици, што е за околу 20 проценти повеќе од претходната недела.



Слични Објави