ШЕФОВИТЕ НА ДРЖАВИ И ВЛАДИ НА ЕУ ЈА ПОТВРДИЈА ОДЛУКАТА ЗА СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

Шефовите на држави и влади на Европската Унија ја потврдија одлуката донесена во вторникот за отпочнување на преговорите за членство на Македонија и Албанија.

Шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ во заклучоците донесени по првиот ден од самитот ги усвоија без приговор заклучоците на нивните министри за надворешни и европски работи.

Македонија и Албанија треба да започнат со пристапните преговори што е можно поскоро.

Самитот, кој се одржува преку видео врска изминатите два дена поради здравствената криза, е речиси целосно посветен на кризата со коронавирусот и нејзините економски и социјални последици.