ЈАПОНИЈА ГИ ЗАТВОРА ГРАНИЦИТЕ ЗА 21 ЗЕМЈИ ОД ЕВРОПА

Јапонија воведува забрана за влез на граѓани од 21 европска земји плус Иран, во рамки на зајакнатите мерки за справување со коронавирусот, изјави премиерот Шинѕо Абе. Земјата веќе ги затвори границите за лица од делови од Кина и од Јужна Кореја кои на почетокот од пандемијата беа најпогодени со Ковид-19.

Јапонија ги суспендира и визите кои се веќе издадени за граѓани од земјите од Југоисточна Азија, од Блискиот Исток и од Африка. Мерката ќе стапи во сила на полноќ и ќе трае до крајот на април.

Забраната за влез во Јапонија важи за граѓаните на Андора, Австрија, Белгија, Данска, Естонија, Франција, Германија, Италија, Иран, Ирска, Лихтенштајн, Луксембург, Малта, Монако, Холандија, Норвeшка, Португалија, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Ватикан.