| |

Габриел: Бугарија и САД одговараат заедно на регионалните и глобалните предизвици

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел се сретна со помошникот државен секретар на САД Џејмс О’Брајан во рамките на Светскиот економски форум во Давос. Фокусот на средбата беше стратешкиот дијалог меѓу Бугарија и САД и заедничкиот пристап кон глобалните и регионалните проблеми јавува БГНЕС.

„Поддршка, координација и заеднички одговор на предизвиците се клучните зборови. Драго ми е што како сојузници и партнери заедно одговараме на регионалните и глобалните предизвици“, рече Марија Габриел.

Двајцата разговараа и за темите за стратешката позиција на Бугарија во НАТО во однос на безбедноста во регионот на Црното Море и европската перспектива на Западен Балкан. Марија Габриел го истакна и Меморандумот за разбирање меѓу Бугарија и САД за спротивставување на странските манипулации со информации и клучното значење во средина на засилени хибридни напади и дезинформации.

„Му благодарам на американскиот помошник државен секретар Џејмс О’Брајан за неговата поддршка и подготвеност да обезбедиме заеднички одговори на денешните предизвици“, коментира Марија Габриел.

Слични Објави