МОЛНУПИРАВИР, НОВ ЛЕК КОЈ ГО СПРЕЧУВА ШИРЕЊЕТО НА КОВИД-19

Тим од американски научници открија лек кој се зема орално и кој само по 24 часа откако ќе се испие целосно ја спречува трансмисијата на Ковид-19. Станува збор за лекот Молнупиравир, антивиротик, на кој работеа и го открија научниците од Институтот за биомедицински науки при Државниот универзитет во Џорџија.

loading...

-Бидејќи овој лек може да се зема орално, третманот со него може да започне многу рано, со три потенцијални придобивки: запирање на прогресијата на болеста во потешка форма кај пациентот, скратување на инфективната фаза за да се намалат емоционалните и социоекономските трошоци за изолација и како и да се спречи неговото пренесување. Забележавме многу рано дека Молнупиравир има широк спектар на активности против респираторни РНК вируси и лекувањето на заразени животни преку уста со овој лек веќе го докажа намалувањето на вирусното оптоварување и тоа за неколку пати. Тоа што е најважно, самата трансмисија на вирусот ја сведува на минимум, вели д-р. Ричард Племпер, лидер на истражувачкиот тим.

Во истражувањето на ефектите на лекот Молнупиравит, научниците користеле верверици при тестирањето за да се види колку лекот може да го спречи пренесувањето.

-Сметаме дека вервериците се релевантен модел за пренесување затоа штого шират Ковид-19 без проблеми, иако не развиваат тешка болест, што е прилично слично на начинот на пренесување на новиот коронавирус од помлада популација, посочува коавторот на студијата д-р. Роберт Кокс.



loading...

Вервериците најпрво биле заразени со новиот корона вирус, а потоа научниците о следеле ширењето на вирусот меѓу нив. Потоа им бил даден Молнупиравир, а кога во истиот простор ставиле и незаразени верверички со заразени на кои им бил даден лекот, ниту една од здравите не се заразила иако имале долготраен контакт.

Научниците сметаат дека податоците добиени од ова истражување може да се докажат и со тестирање врз луѓе, пациентите со болни од Ковид-19 кои ќе примат Молнупиравир може да станат неинфективни во рок од 24 часа. Лекот веќе е во напредна фаза од истражувањето.