ДИМИТРОВ ПОТВРДИ ДЕКА НЕМА НИКАКОВ НАПРЕДОК ОД ПОСЛЕДНИОТ СОСТАНОК СО КОМИСИЈАТА

„После дводневниот online состанок на мешовитата мултидисциплинарна комисија за историски прашања меѓу Бугарија и Македонија, нема никаков резултат“, изјави претседателот на комисијата од бугарската страна проф. Ангел Димитров, пренесува бугарски Стандард.
Историчарите од Софија и Скопје не можат да постигнат согласност во однос на употребата на терминот македонски за да можат да се потпишат протоколите од претходните средби. Постои несогласност и за заедничкиот текст кој треба да им биде предложен на двете влади за заедничко одбележување на ликот и делото на цар Самоил.

„Дебатата за цар Самоил покажа отстапки од веќе подготвен текст кој требаше да биде испратен до владите во Софија и Скопје за заедничко чествување на цар Самоил“, објаснува професорот Димитров. Тој изрази желба дека следната година комисијата ќе го направи тоа што се бара од неа според потпишаниот Договор за пријателство и добрососедство.

loading...



loading...