СЕ ФРЛИЛ ВО ЦРНА РЕКА ОТКАКО СО СЕКИРА СЕ ОБИДЕЛ ДА ЈА УБИЕ БОЛНАТА СОПРУГА

Осумдесет и четиригодишна жена била пронајдена со тешки телесни повреди во својот дом во кавадаречкото село Шивец. Според првичните сознанија со кои располага Обвинителството, повредите ѝ ги нанесол нејзиниот 73-годишен сопруг, користејќи секира и други опасни орудија. По извршеното дело, тој заминал од куќата и си го одзел животот, фрлајќи се во водите на Црна Река.

loading...

„Во Црна Река кај Шивец, Кавадаречко, било пронајдено удавено лице. При увидот било утврдено дека се работи за Г. М. (74) од село Шивец, а на телото не биле пронајдени траги на насилство. По преземени мерки, било констатирано дека тој претходно во семејниот дом по вербална расправија ја нападнал неговата сопруга М. М. (84) со остар и тврд предмет, по што заминал од дома“, кажа Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

За семејната трагедија во селото Шивец информираше и ОЈО Кавадарци.


loading...

„Според првичните сознанија, сега починатиот со години се грижел за сопругата, која била со многу нарушено здравје. Во изминативе неколку недели се влошила здравствената состојба на сега починатиот, по што тој посегнал по животот на оштетената, но и по сопствениот. Сопругата е во животно загрозувачка состојба и се наоѓа на скопските клиники на натамошно лекување“, соопшти ОЈО Кавадарци.