Град Скопје планира да додели два милиона денари за семејствата на загинатите во автобуската несреќа

/

Град Скопје најави парична помош од два милиона денари за семејствата на загинатите од Скопје во автобуската несреќа што пред два дена се случи во соседна Бугарија.

„На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на својата наредна седница ќе одлучува за доделување парична помош во знак на солидарност кон семејствата и почит кон настраданите“, информираа од прес-службата на Градот.

Град Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им посакува побрзо закрепнување.



Извор: Temite

Претходна статија

Прегазена жена во Скопје, возачот избегал

Следна статија

Радев очекува дијалогот со Скопје да доведе до конкретни резултати

Најново од Вести