|

На пазар во близина на бугарската „Пазарска црква“ во Пирот

Во последните години, десетици илјади Бугари масовно ги посетуваат општините во западните покраини на соседна Србија. Повеќето Бугари се среќаваат во Цариброд, Пирот и Ниш, особено за време на празници и викенди, јавува БГНЕС.

Вообичаено веста за „бугарскиот десант“ на овие места се поврзува со ресторани и спа центри. Во монотоните репортажи постојано се зборува за пониските цени на туристичките услуги и за дозволата за слободно пушење насекаде.

Во Пирот, кој во средниот век се нарекувал Момчиловград, се наоѓа еден од симболите и убавината на градот – Момчиловата крепост. Сместена веднаш до реката Нишава, тврдината била изградена во XIV век од познатиот бугарски владетел од Родопите, Момчил Војвода. До ослободувањето од османлиското ропство, Пирот бил целосно бугарски град. Српското навлегување започнало во 19 век. Никаде околу Момчиловата крепост, која е Споменик на културата од 1979 година, нема табела со информација дека е бугарска. Нема дури ниту податоци за „српската“ легенда која тврди дека ја изградил кнезот Лазар.

Заглушува и немањето информации за двете бугарски цркви – „Рождество Христово“, позната во градот како „Пазарската“ црква. Изградена е во 1834 година од бугарски мајстори, исто како и „Успение Богородично“, создадена од Никола Јованов, сликар од Самоковската школа. Муралите јасно го покажуваат бугарскиот карактер и потеклото на двете цркви, а недостигот на информативни табли очигледно ја крие желбата да се пренапише минатото, така како што е на овие места од пред 150 години.

А табли во Пирот не недостигаат, посебно во централниот дел, во спомен на „жртвите од окупаторот или за убиените од соработниците на непријателот“.

И, се разбира, „во духот на добрососедските односи и почитувањето на правата на бугарското национално малцинство во Србија“, секоја година има прослави во спомен на „жртвите на бугарскиот фашистички окупатор“. А на нив задолжително присуствува еден или друг министер од Белград. Веројатно за да не настрада „пријателството меѓу двата братски народи“.

На прашањето на новинарот на БГНЕС дали сме во црквата изградена од Бугарите, клисарот во една од нив со намуртено одговори: „Тука нема ништо бугарско, тука сѐ е заедничко, балканско“.

Немаше потреба да бараме повеќе појаснувања за тоа што значи – заедничко балканско.

Со вакво масовно бугарско присуство за пазар или за рекреација, со минимален напор локалните власти можат да ги зголемат своите приходи и профит од бугарските туристи – со посочување на богатото културно-историско наследство. Но, вистината е пострашна од парите и профитот, без разлика колку се големи.

Слични Објави