|

СПОРЕД ТАЈМС АЛБАНЦИТЕ СЕ НАЈБРОЈНА ЕТНИЧКА ГРУПА ВО БРИТАНСКИТЕ ЗАТВОРИ

Бројот на Албанци во затворите во Велика Британија зголемен е за четирипати во споредба со 2013 година и тие ја сочинуваат етничката заедница која е најбројна во британските затвори, објавуваат албанските медиуми повикувајќи се на „Тајмс”.

„Албанците сочинуваат една десетина од затворениците со странско државјанство во Англија и Велс и покрај преземените мерки. Нивниот број првпат достигнал 999, а потоа следуваат Полјаците 835, Романците 806, Ирците 721 и 440 државјани на Јамајка, наведуваат медиумите.

Повеќето Албанци во британските затвори издржуваат казни за трговија со дрога, главно кокаин.



Слични Објави