Градоначалникот на Битола Тони Коњановски се сретна со бугарскиот генерален конзул во градот Петар Петров
Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски се сретна со новиот генерален конзул на Бугарија во градот Петар Петров.
На средбата, Коњановски и Петров размениле мислења за продлабочување на соработката меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, со посебен акцент на економијата и можностите за нови инвестиции, развојот на туризмот, како и зајакнувањето на културната размена и други области од заеднички интерес.

