ЧЕТИРИ ДЕНА ГО НЕМА ЧИЧКО ПЕПИ: СЕМЕЈСТВОТО БАРА ПОМОШ ОД ГРАЃАНИТЕ

Вести Истакнато Македонија

Семејството се уште трага по Чичко Пепи, човек кој пати од Алцхајмер.

Исчезна во вторникот, а се уште не е пронајден. Преку социјалните мрежи семејството и блиските бараат помош од секој граѓанин кој можеби го видел чичко Пепи.

Кога последен пат е виден носел сини пижами (горе на пруги) и бели патики. Живее во Тафталиџе, во околината на Катастар.

По апелите на социјалните мрежи, неколку граѓани објавија информации дека го виделе, но потрагата е неуспешна и најчесто станувало збор за друга личност.

Неговото семејство ги моли граѓаните ако имаат било каква информација, да ги информираат на телефонските броеви: 075 290-620, 070 246-119, 072 553-977