| |

ЌЕ ЈА СПАСАТ ЛИ СЛОВЕНЦИТЕ – ГРУБИ ПОТВРДИ ДЕКА СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ПОШТА

Вицепремиерот Артан Груби во вчерашното гостување на ТВ 24 одговори потврдно на прашањето дали Словенци се заинтересирани за купување на Македонска пошта.

Тој рече дека во наредниот период СДСМ ќе раководи со Македонска пошта и дека се надева ќе се изнајде најдобро решение и дека ќе има добра понуда.

За приватизирањето на Македонска пошта вчера реагираше опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, според кои тоа е продажба на државна сопственост, а со тоа СДСМ купува социјален мир.

„Последна во низата најави е продажбата на Македонски пошти. И сега мафијата на власт најлесно им е да направат некој нов бонбона бизнис, да продадат државна сопственост и така да купат уште некој месец социјален мир“, реагираа вчера од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што е познато, пред повеќе години, за купување на пошта беше заинтересирана и Канадска пошта, но потоа преговорите пропаднаа.

Инаку Пошта е во незавидна ситуација особено сега и поради затворањето на Еуростандард банка. Друштвото тоне и генерира загуби. Во првата половина од годината друштвото има загуба од 52,5 милиони денари или над 850 илјади евра.

Слични Објави