ДЕНЕСКА ВО „САМО ВИСТИНА“ ЌЕ ГОСТУВААТ ЛИДИЈА ДИМОВА И АЛЕКСАНДАР ПАНДОВ

Скопската „фризерница“ под мониторинг на Финансиската полиција а Европската комисија отвори истрага за евентуална злоупотреба на европски пари.

Дали можеби истрагата ќе открие и каде завршиле 2.2 милиони евра кои што ги доделил претходникот на Димова?

Ќе сними ли некој во Македонија филм за „најскапото“ магаре на светот, па да стане кандидат за Оскар?

Мицкоски се колне, Османи негира дека и Бугарите си бараат своја „Преспа“ . Заев или Мицкоски, кој ќе го истурка добрососедството „на мускули“?



Фикус или кактус, каква е разликата, како до негативно ковид „салдо“или „правта“ од домашните афери ќе го пополни просторот на реформите, денеска во Само Вистина со Лидија Димова и Александар Пандов, на Канал 5 Телевизија.