ОСМАНИ: ВОВЕДУВАЊЕ НА 100% ДВОНЕДЕЛЕН КАРАНТИН, ЌЕ БИДЕ УСПЕШНО ВО БИТКАТА ПРОТИВ ВИРУСОТ

//

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во гостувањето во „ЕуКлик“ на ТВ21 рече дека најдоброто решение во битката против коронавриусот и дека сите се согласни дека воведување на 100% двонеделен карантин, ќе биде успешно во битката против вирусот, пренесува Скопје Инфо.

Несомнено, консензус од сите беше дека најдобриот пристап би бил ако две недели се воведе 100% ограничување на движењето. Значи, секој да се изолира од секој 14 дена, бидејќи тоа е најдобриот начин за спречување на ширењето на вирусот. Меѓутоа, дали е можно да се затвори сѐ две недели? Многу е тешко, бидејќи луѓето мора да се хранат, да се лекуваат, има и други функции кои не можат да се ограничат. Затоа, кога ќе донесете одлука за рестриктивни мерки, вие треба да ја ставите на кантар потребата за спречување на вирусот и што помалку штети да има во другите функции во животот, што помалку колатерални и штетни ефекти за луѓето, кои би произлегле од овие рестриктивни мерки, рече Османи во ЕУ Клик на ТВ21.





Претходна статија

ВОЗИЛО УДРИ ВО 79-ГОДИШНА ЖЕНА ВО РЕСЕН

Следна статија

РЕГИСТРИРАНО НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ ВО СЛОВЕНИЈА

Најново од Вести