ЖИВОТ ИЛИ „МАПЕТИ НА КОНЦИ”

//

Дали некогаш сте размислувале за идеите, за вредностите, поимањето на нештата, кои сме ги прифатиле за такви дека можеби се засноваат врз лага?

Уште како деца, мозокот ни го обработуваат преку анимираните филмови како изворен медиум. Создавајќи правила на животот што треба и што не треба, преку приказните, бајките, преку сликовити илустрации како ние да размислуваме и да се изградуваме во личности. Во цртаните филмови, учевме за другите култури дека се насилни, примитивни, уназадени..гледано од наша перспектива, од аспект како ние живееме на овој свет. Особено за индијанските култури и афро-американците, нѐ учеа на расизам, секогаш да градиме позитивен став кон “белата раса”, кон тоа што е модерно, цивилизирано. Премногу грешно, премногу етноцентризам.

Додека бевме помали, во филмовите и анимираните цртани, фокусот беше насочен кон приказната за “вистинската љубов” и “принцот/принцезата од бајките”. Па едвај чекавме да пораснеме со цел, моментот да го доживееме. Растеме со помислата за љубовта, за искреноста, чесноста, вербата, и наидуваме на болка. Реалноста е поинаква, а зошто на тој начин учиме за неа? Дали преку болката осознаваме дека сме живи луѓе и дека треба да има некаков си баланс во животот на човекот?

Кога ќе пораснеме сфаќаме дека нема ниту принц од бајките, ниту тоа дека останатите култури низ светов се опасни и нашето веќе “обработено” гледиште кон нив како уназадено, примитивно се менува, туку всушност креаторите на приказниве се тие од кои треба да бегаме и да се оттргнеме од нив.

Притоа, што се случува со луѓето кои размислуваат надвор од кутијата, надвор од правилата на “креаторите”?

Луѓето кои го слушаат разумот, свесноста, надвор од кутијата, се деградирани, отфрлани и за нив се обсмислуваат разно-разни поими во навредлива, негативна конотација како нешто што е абнормално или “грешка” во системот. Зарем ние сме роботи?

Додека оние кои се “ученички послушни”, го поддржуваат општоприфатеното и ги следат правилата на играта. Зошто? Дали, за да си олеснат себе си и да го преживеат животов полесно? Плашејќи се да се изложат себе си и своите на опасноста да се биде отфрлен ако се размислува поинаку.



Но, светот започна драстично да се менува. Како што гледаме и самите, луѓе стануваат се посовесни, свесни за наметнатото, за “правилата на играта” и почнуваат да се борат. Да се искажат себе си, да излезат од темнината и да го дадат својот внатрешен потиснат глас. Глас за слобода, глас за борба, глас за правда. И што прават во овој момент, големците, “креаторите” измислуваат дополнителна “забава” за нас. Влегуваат во лабораторија, смислуваат што да направат следно и како тоа да влијае врз луѓето, и да ги оттргне од фокусот за вистината.

Секогаш постојат повеќе прашања а помалку одговори за настанокот на светот и толкувањето на нештата.

Но, одговорот овде, е повеќе од јасен, секој што сака да владее со група на луѓе, создава правила и насоки по кои тие треба да се движат. Поделувајќи нѐ на различни според боја, вера, националност, и останати причини за полесна манипулација. Што треба да знаеме а што не? Кој одлучува за тоа? Вистинското прашање е и дали сакаме да го дознаеме тоа што не го знаеме?

Од една страна, создавајќи ги сите тие правила и насоки на живот, спроведените стратегии за тоа како да се одвива едно општество во системот и итн, се генијална застрашувачка идеја некогаш создадена од умот на еден човек или поголема група на луѓе, но од друга страна ние сме само “мапети на конци”, секој од нас со веќе доделена улога во светот. Ние не го живееме нашиот живот, туку животот на “креаторите” односно тоа што тие го имаат обсмислено, нивната игра, игра наменета за смртниците. Тоа сме ние.

Автор: Кристина Паскоска

Претходна статија

ПРАВА И СЛОБОДИ-ПОНИШТЕНИ И ПОГАЗЕНИ

Следна статија

МАГАРЕШКА РАБОТА

Најново од Ваш став

Игра на ниски страсти

Fb статус на Никица Корубин Дека политиката е врвна вештина која бара многу знаење, искуство, традиција

Целосна независност

Facebook статус на Никица Корубин Независноста е комплетна кога си свесен за неа. И за нејзиното