| |

Бугарија во Втората светска војна, во мирот и потоа!

Пишува: Христо Михајлов

Втората светска војна ги засенчува сите останати војни по однос на човечките жртви, се избројуваат приближно меѓу 35 и 50 милиони души. Војната се разликува и со напредок во производството на секакви оружја. Туку што воведените тенкови и авиони во Првата светска војна, преовладуваат во Втората светска војна. Радарот изигрува мошне важна ролја, на пример во битката за Англија, која што е еден од повратните моменти во војната. На крајот на војната, се појавува и атомската бомба и така настанува зората на нуклеарната епоха.

Втората светска војна завршува со безусловна капиталација. За разлика од Првата световна војна, западните сојузници ги окупираат Германија и Јапонија и ги преобразуваат нивните општества за време на окупацијата. Германскиот проблем “е решен“ во траење од половина век, со разделувањето на Германија.Освен тоа се  создава двостран свет, во кој САД и СССР излегуваат од конфликтот многу посилни од останатите. Таа војна фактички ја  изместува Европа од позиција на арбитар при подржување на соодносот на силите. Наместо тоа таа се преобрнува во арена на соперништво меѓу аутсајдерите слично на Германија пред 1870 година. Па така крајот на Втората светска војна ја создава и рамката на световниот ред се до знаменитата 1989година. Неизбежна  ли беше една Втора голема војна? Не, но со тек на времето таа стана се поверојатна. Во 1918 година, веке има изгледи за нова војна. Во 1926 година  таа веројатност намалува, но после големата депресија во 1929 година и доаѓањето на Хитлер на власт во 1933 година, линијата на возможните варијанти се стеснува и во 1941 година, војната се преобраќа во световна.

Неуспехот на Првата светска војна да го реши германскиот проблем ни означува, дека уште во 1918 година постои веројатност за Втора војна. Ако западните демократии ѝ беа направиле отстапки на Германија во 20-те години на 20 век, демократската влада на Вајмарската република можеше да биде сочувана. Или ако САД го беа потпишале Версајскиот договор и беа останале во Европа, за да ја сочуваат рамнотежата на силите, Хитлер можеше и да не дојде на власт. Во Европа можеби ќе избувнеше некаква војна, но не во секој случај глобална Втора голема војна. Низ 30-те години на 20 век шокот од економската рецесија даде подем за развојот на такви идеологии, кои што ја подржуваат агресијата. Тоа пак од своја страна ја направи војната се поверојатна. Втората светска војна често се нарекува и како “Војната на Хитлер”. Макар и да е вистина, тоа е мошне елементарно.

Втората војна е исто така и стара историја, дејствие на Великата војна, што во 1918 година, става крај на европската хегемонија. Периодот меѓу војните си е само антракт, затоа што Хитлер сака војна, но не таква, каква што денес сите ја знаеме како Втора светска војна. Хитлер веројатно сакаше само кратка, безогледна војна. Друга основна причина, а поради која војната не е само на Хитлер, се борбите во Тихиот океан. Хитлер продолжително, но безуспешно ги уверуваше  јапонците да го нападнат Сибир или пак британската колонија Сингапур, за да ги отклонат советските војски на Сталин од Европа. Но Јапонија не го прави ниту едното ниту другото, наместо тоа таа истата го изненадува Хитлер со нападот на американскана воено морска база во Перл Харбур. Војната во Тихиот океан, макар да беше и дел од Втората светска војна, си ги имаше и своите сопствени корени и беше поскоро традиционален империјалистички опит за налагање на регионална хегемонија. Хитлер помеѓу другото извршува и еден блескав дипломатски чекор кога и покрај својата изјава дека ќе го заштитува Западот од болшевиките, тој истиот сосема неочекувано подпишува договор со Сталин во м.август 1939г, што  му ја даде и слободата да прави на Запад бувкално што ќе си посака. Пактот како таков содржеше и протокол за нова поделба на Полска. Сталин и Хитлер се договорија да си земат по една половина. Хитлер си го заграби својот дел откако започна војна со Полска на 01.09.1939 година.. Овој пат немало никаква нужда от нов Минхенскa спогодба со англичаните и Винстон Черчил. И покрај тоа што не е во таква состојба  да ја разгроми Велика Британија, Хитлер решава да го атакува СССР, сметајки дека мошне лесно може да го победи Сталин, па потоа одново да се насочи кон Англија. Освен тоа сметаше, попатно, дека така ќе ја лиши Англија от евентуален  сојуз со русите. Во м.јуни 1941 година, веднаш  откако јапонците го атакуваа Перл Харбур, тој ја прави и својата втора огромна грешка објавувајќи им војна на САД. Хитлер постапува така, за да ја задржи царска Јапонија во војната, кон која што истиот тој и ја подтикна. Умешно ги изполузва случајот, за да разгори маштабна подводна операција против американската флота. Политиката на компромиси беше возможна за Западните сојузници спрема Германија низ 20-те години од минатиот век. Една од најголемите иронии на периодот меѓу војните е тој, што Западот и се спротистави на Германија низ 20-те години на 20 век, кога би требало да пројави отстапчивост, а направи отстапки во 30-те години, кога требаше да ѝ се спротистави! Таквата политика на компромиси се покажа погрешна. Англискиот премиер Невил Чемберлен не беше таков страшливец, како што го представи  минхенската епизода, затоа што тој само сакаше да ја предодврати новата Светска војна. 

Војната не ја подмина ни царска Бугарија, бидеќи посакуваниот неутралитет не можеше никако да биде сочуван под притисокот на великите сили. Бугарија ја преживеа “двојната“ судбина на последователен сојузник на Третиот рајх и на Антихитлеровата коалиција. Голем дел од нејзините богатства отидоа за осигурување на војските на Вермахтот. Многу градови го изживеаја  ужасот от бомбардирањата на англо-американската авијација, каде што на суров испит беше ставена бугарската против-воздушна отбрана. Во завршната етапа на војната близу 350 000 бугарски војници и офицери зедоа непосредно учество во слободувањето на Југоизточниот дел од Централна Европа . Сѐ во името на Победата за Правдата и Слободата,  околу 11000 от нив остнауваат во Југославија, Вардарска Македонија, во унгарските пусти и на австриската земја. Во крајна сметка осуммесечните воени усилија на Бугарија на страната на Антихитлеровата коалиција се покажаа недостатачни, за да ги избришат последиците от близу 4-годишниот сојуз со Германија. Бугарија остана во редиците на победените и нејзиното учество во завршната етапа на војната беше предопределено от стратегиските и воените цели на СССР, во чија што сфера малку покасно и попадна.  

Така, Бугарија од Хитлеров сојузник и монархија, стана република и советски сателит. Скапо платениот мир по Втората светска војна се претвори во ново ропство, овој пат на СССР и болшевичката идеја, ропство од кое до денешен ден, народите на Источна Европа, па и Бугарија, прават напори да се ослободат. 



Слични Објави