ВОЗИЛО УДРИ ВО 79-ГОДИШНА ЖЕНА ВО РЕСЕН

/

Возило удри во 79-годишна жена во Ресен, којашто е тешко повредена, информира полицијата. Вчера околу 10.45 часот на паркинг пред зградата на Општина Ресен, на ул.„Илинденска“, возило „фолксваген каравела“, со велешки регистарски ознаки, управувано од М.А.(41) од Велес удрило во пешак М.Ќ.(79) од Ресен.

По незгодата М.Ќ. била пренесена во Здравствен дом Ресен, каде од лекар ѝ била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Ресен.



Претходна статија

ВКУПНО 10 ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА ВИРУС

Следна статија

ОСМАНИ: ВОВЕДУВАЊЕ НА 100% ДВОНЕДЕЛЕН КАРАНТИН, ЌЕ БИДЕ УСПЕШНО ВО БИТКАТА ПРОТИВ ВИРУСОТ

Најново од Вести