ДИМИТРОВ: ИМАМЕ ИСТОРИСКА ШАНСА ДА СТАНЕМЕ ПРИРОДНИ СОЈУЗНИЦИ СО ГРЦИЈА

//

Имаме историска шанса со мудра политика базирана на разбирање на соседот, да станеме природни сојузници, му рече денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров на новоименуваниот амбасадор на Грција во земјава, Димитрис Јанакакис.

Јанакакис на Димтиров му ги предаде копиите на акредитивните писма за неговото именување за амбасадор во земјава, по подигнувањето на нивото на Канцеларијата за врски во Aмбасада на 31 мај 2019 година.



На средбата Димитров и Јанакис разговарале и за имплементацијата на Преспанскиот договор, како и за развојот на севкупната соработка во различни области со цел интензивирање и збогатување на соработката помеѓу двете држави.

Претходна статија

ЈАНЕВА ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР, ГАРАНЦИЈАТА СО ИМОТ НЕ Е ПРИФАТЕНА

Следна статија

П.КОЛЕВ: ВРЕМЕ Е ЛУКСУЗОТ НА БРАНКО И ЃОРЃЕ ДА ЗАВРШИ

Најново од Вести