| |

„ТИТАНИК” ОДЛОЖЕН ЗА 4 СЕПТЕМВРИ

Одолжувањето беше побарано откако одбраната на обвинетите предложи прекинување на пастапката за „Титаник” до разрешување на состојбата со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која според нив е единствено надлежна да ги застапува предметите на СЈО.

Обвинителката Стефанова, во однос на предлогот на одбраната, рече дека како СЈО сметаат дека овластувањата на Јанева се уште се важечки иако е неспорен фактот дека таа е во притвор за случајот „Рекет”, јавува Канал 5.

– Го замислувам судот да ја одложи денешната расправа и на следната закажана ќе се произнесеме по наведените барања, изјави Стефанова.

Пред почетокот на рочиштето, адвокатот Димитар Дангов побара прекин на главната расправа поради, како што рече, одредениот притвор на Јанева за предметот „Рекет”.

– Според Законот за СЈО, Катица Јанева преку својството кое го има е единствено надлежна да го застапува секој, па и овој предмет. Од наведените причини мора да кажам дека обвинителката Лиле Стефанова нема право да го застапува овој предмет. Конечно Стефанова не може да има повеќе право на застапување од правото што Јанева го нема во овој момент. Предлагам главната расправа да се прекине, изјави Дангов.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави