ЗАПОЧНУВА 55. ИЗДАНИЕ НА ДРАМСКИОТ АМАТЕРСКИ ФЕСТИВАЛ

Со словенечката претстава „Бегај ѓаволе, жена ми доаѓа“ во изведба на Културното друштво „Шатор Шторје“ од Словенија, денеска во 19 часот во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, започнува официјалната програма на 55-от Драмски аматерски фестивал…

Во рамки на фестивалот кој годинава се одвива под мото: Ars Longa, Vita Bravis или Уметноста е долга, животот е краток, ќе бидат одиграни 16 аматерски претстави од исто толку ансамбли и една професионална, скопската хит комедија „Чао пријатно“ со која на 2 јуни(сабота) официјално ќе биде затворено годинешното издание на ДАФ.

55-тото издание на фестивалот ќе биде засилено со придружни манифестации, многу гости, промоции на книги, работилници, ликовни перформански, театар на сенки. Во рамки на фестивалот годинава од особено значење е гостувањето на Марко Брецељ, ексцентричен, мултимедијален уметник попознат како поранешен фронтмен на сега веќе култниотјугословенски рок бенд од 70-тите и 80-тите „Булдужер“. Брецељ доаѓа во четврток на 31-ви мај, заедно со словенскиот писател Томаж Космач, за промоција на неговата книга „Панкот емртов“. Уште еден настан кој е од особено значење за кочанската публика, е промоцијата на капиталното дело „Македонска рок енциклопедија“ на Тошо Филиповски. Настанот ќе се случи во сабота, на 1 јуни со почеток во 21.30 часот.

ДАФ годинава од Центарот за култура „Бели Мугри“ ќе се одржува и во предворјето наДомот на културата и во Градскиот парк односно „Паркот на Револуцијата“. Таму, уметникот Орхан Ќамилов ќе има тридневен ликовен перформанс насловен „Планеризам“, Марија Манева ќе има работилница за смола и глина, а професорката Зоја Бузалковска заедно со Александар Степанулески ќе водат тридневна актерска работилница.

Музичкиот дел ќе се одвива под наслов „Револушн фест“ кој почнува денеска (понеделник) 28 мај, а ќе настапат скопскиот џез состав „Летечки пекинезери“, во среда на 30 мај диџеј сет ќе има Гоце САФ, а концертниот дел во четврток ќе го затворат битолчаните „Брас брадрс“.