Ковачев за Поглед.мк: Предлогот за одложено дејство на уставните измени е неприфатлив, бидејќи човековите права не можат да бидат со одложено дејство
„Што се однесува до предлогот за одложено дејство на внесување на Бугарите во Уставот, тоа не е можно бидејќи правата на човекот не се со одложено дејство. Тоа нема како да биде прифатено“, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во пространо интервју за порталот Поглед.
Во интервјуто Ковачев ги открива основните проблеми со кои се соочуваат Република Бугарија и Република Северна Македонија во своите меѓусебни односи. Бугарскиот европратеник говори без влакно на јазикот за манипулациите од страна на македонската власт во однос на пресудите против Бугарија во Стразбур, во случајот со нелигитимната организација ОМО Илинден, а исто така и за секојдневните провокации кон Бугарија од македонска страна.
Ковачев е дециден дека изборот каков да е моделот на македонскиот устав е внатрешно прашање на Република Северна Македонија, но, ако во истиот Устав има место за сите заедници и делови од народи, а нема место за Бугарите, тоа е проблем и истиот е поврзан со правата на човекот, кои не можат да бидат со одложено дејство.
Бугарскиот европратеник смета дека Русија го има најголемиот интерес меѓу Бугарија и Република Северна Македонија да нема добри односи.
Што уште кажува Андреј Ковачев во неговото интервју за Поглед, прочитајте на следниот линк.

