Ковачевски се сретна со Ципрас: Четири годони по Договорот од Преспа, се уште има придобивки
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски на маргините на Економскиот форум Делфи во Атина, се сретна со поранешниот премиер на Грција и лидер на „Сириза“, Алексис Ципрас.
Во срдечна и пријателска атмосфера, Ковачевски и Ципрас на средбата се согласија дека четири години од потпишувањето на Договорот од Преспа тој сѐ уште ги остварува придобивките со кои се реши тридеценискиот спор и со кој се воспостави стратешко пријателство меѓу Северна Македонија и Грција, се обезбеди членството на нашата земја во НАТО и се донесе одлуката за безусловен почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Големите и далекувидни пораки што во себе ги носи Договорот од Преспа, споделија Ковачевски и Ципрас, со своето значење, особено денес од перспектива на војната во Украина и безбедносната криза во Европа, обезбедуваат основа за забрзување на евроинтеграцијата на Северна Македонија и за Западен Балкан.
На средбата беше констатирано дека спроведувањето на одредбите од договорот оди со добра динамика и дека како спогодба која обезбеди вин-вин решение за двете земји овозможува отворена и постојана комуникација меѓу Скопје и Атина во интерес на просперитетот и граѓаните на двете земји.
Извор: Zoom. mk