ЈАНЕВА ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР, ГАРАНЦИЈАТА СО ИМОТ НЕ Е ПРИФАТЕНА
Катица Јанева останува во притвор, односно судијата на претходна постапка ја одбил понудената гаранција во имот, а и обвинителката Вилма Русковска дала негативно мислење, односно инсистирала Јанева да остане во притвор, јавува Фокус.
„Заради интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека, досудија на претходна постапка кој постапува по предлог на одбрана на К.Ј.за укинување на мерката притвор и определување гаранција, денеска едоставено негативно мислење од Основнот јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по однос на предлогот.По разгледување и ценење на предлогот и мислењето од надлежнотообвинителство, судија на претходна постапка донесе решение со коепредлогот за укинување на мерката притвор со определена гаранција сеотфрла како недозволен, а предлогот за определување мерки запретпазливост се одбива како неоснован“, информираат од Кривичниот суд.

