| |

АЗМАНОВ ПРИСТИГНА ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ДА ГО ДАДЕ СВОЈОТ ИСКАЗ ЗА „РЕКЕТ“

Бизнисменот Зоран Азманов пристигна во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што треба да даде исказ за случајот „Рекет“, пренесе „Фокус“.

Тој не сакаше да даде изјава за медиумите, коментирајќи дека доцни, и треба да влезе, а изјавата ја најави по завршувањето на распитот. Тој единствено одговори дека е дојден по покана на Обвинителството, а не самоиницијативно.

Азманов кој е сопственик на градежната компанија „Настел“, се препукуваше со Јовановски уште пред да биде обелоденет случајот „Рекет“.

Бизмисменот Азманов го обвинуваше Јовановски дека му барал 50.000 евра за да не ја емитува „Инсајдер“.



Слични Објави