| |

Св. Софрониј Врачански бил првиот духовен водач на бугарскиот народ и силен поборник за образование и просвета

Во бугарскиот град Враца, датумот 11 март се одбележува со повеќе настани во чест на Свети Софрониј, епископ Врачански, кој се смета за небесен покровител на градот и епархијата, јавува БНР.

По повод празникот се одржа архиерејска богослужба во храмот „Вознесение Господово“, кој го носи неговото име. Од 11 часот пред неговиот споменик, дело на скулпторот Крум Дамјанов, се одржа и свеченост за граѓаните.

Историчарот и режисер Искрен Красимиров, автор на книгата „Да го откриеш Софрониј“ и на филмот „Грешникот – светец“, вели дека Софрониј Врачански незаслужено останува во сенката на Паисиј Хилендарски. Тој потсетува дека токму благодарение на преписот на Софрониј е зачувана „Историја славјанобугарска“.

Според Красимиров, Софрониј бил првиот духовен водач на поробениот бугарски народ и силен поборник за образование и просвета, кои ги сметал за основа на идното ослободување на Бугарија.



Слични Објави