| |

ДОНЧЕВ НЕ ВОДЕЛ ХАЈКА САМО ГИ ПРЕДУПРЕДИЛ ШВЕЃАНИТЕ ДЕКА ДИАМЕД БИЛА ПОД ИСТРАГА

Директорот на ФЗОМ Ден Дончев тврди дека од нивна страна не било блокирано купувањето на домашната фирма Диамед од фирмата Диаверум од Шведска како како што обвини поранешната сопственичка на Диамед, Вера Ивановска. Таа за овој случај поднесе кривични пријави против Дончев и министерот Венко Филипче.

„Не е вршено никакво влијание како што тврди Ивановска. Ние само ја предупредивме шведската фирма дека имаме намера да ги испитуваме околностите под кои Диамед ја добила концесијата. Доколку се утврди криминал може да се одрази и на работата на Диаверум доколку реши да ја купи Диамед, а се докаже дека имало злоупотреба на службената должност при доделувањето на концесијата. Сепак вработен во Диамед беше кумот на Никола Груевски, Ристо Новачевски на чија сметка легнале милиони денари. Диаверум си одлучуваат самостојно, но ние ги предупредуваме дека е можно одземање на концесија“ – вели Дончев на денешната прес конференција во врска со кривичната пријава поднесена против него и министерот Филипче, од страна на сопственичката на Диамед, Вера Ивановска.

Слични Објави