| |

И покрај сите напори на Мицкоски Северна Македонија не стана тема на изборите во Бугарија*

Ивон Величковски

ПБ и Радев се убедливи победници на изборите во Бугарија. Вториот најзначаен резултат е на ПП-ДБ на Василев и Петков

И како и минатата недела – и сега основната оценка е дека Европа се обновува низ силна ЕУ. Ако 2/3 мнозинство на “Тиса” означи ориентација на унгарското општество против корупцијата и олигархијата, апсолутното мнозинство на “Прогресивна Бугарија” (ПБ) ова го означи во бугарското општество.

Но, по 8 избори во 5 години, во Бугарија се изразија и неколку специфики. На пр. иако не е “референдумска” како во Унгарија, излезноста се зголеми.

Традиционалните партии опаднаа: ГЕРБ-СДС над ~12%,, ДПС ~3%, “Преродба” ~9%… Неформалната коалиција за одржување на досегашниот главен обвинител е “падната”.

Социјалистите и многу проектни партии се вонпарламентарни: нивното факторизирање преку одржување статус-кво дојде на наплата.

Единствено ПП-ДБ (на Василев и Петков) од досегашните партии остана со ист број пратеници, доследни на премисите €-зона и борба против корупцијата и беа поддржани. Со тоа “Продолжуваме промената – Демократска Бугарија” остана фактор за правосудството да постапува против олигархијата и по Магницки.

Во кампањата Радев баш и не флертуваше со €/ЕУ скептицизмот на социјалистите, прорускиот суверенизам на “Преродбата” и корупцијата на ДПС. Затоа привлече гласови и од овие и од другите партии, капитализирајќи ги двата претседателски мандати.

Оттука интересни се пар аналогии со Маѓар: И Радев не ги спори припадноста на неговата држава во ЕУ и зависноста од ЕУ-кохезионите фондови. И тој недвосмислено се обвра дека нема да ја попречува едногласноста во Унијата по прашање на поддршката на украинската одбрана од руската агресија.

Со апсолутно мнозинство во 52-то Народно Собрание на Бугарија, ПБ нема математичка потреба од коалиција. Равенката ПБ + ПП-ДБ може да стане политички нужна само за функционализирање на борбата со корупцијата низ нов обвинителски совет/главен обвинител.

Техничката влада промовира личности кои ќе може да играат улога во следниот период, пр. премиерот Ѓуров и министерот за внатрешни Дечев. Претседателските избори наближуваат.

Она што е битно за нас е дека и покрај сите напори на Мицкоски и неговите (тивки) сојузници од “Водно” до “Бихаќка”, Северна Македонија не стана тема на изборите.

Оттука и до сега и од сега натаму – Скопје нема спор со Софија туку продолжува преговори со Брисел штом ги исполни обврските од Преговарачката рамка.

Со тоа уште еднаш Преговарачката рамка е гаранција за ЕУ-интеграцијата на нацијата на Северна Македонија и македонскиот народ.

И јамка за оние што не сакаат да ги предложат уставните амандмани во Собранието: и Мицкоски и Филипче.

* Насловот е на редакцијата

Слични Објави