ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ ВО СКОПЈЕ ЗА 24 ЧАСА ХОСПИТАЛИЗИРАНИ 41 ПАЦИЕНТ, ПУШТЕНИ 33 ОЗДРАВЕНИ

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје е хоспитализран 41 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 445 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа шестмина пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, еден болен е хоспитализиран на Клиниката за дерматовенерологија, тројца пациенти на ОРЛ, двајца на Клиниката за нефрологија и четворица на Клиниката за очни болести.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 13 нови приеми на пациенти, а 9 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти.

loading...


loading...