| |

Бугарија на 1 јануари 2024 г. го воведува еврото

Нема дебата за датумот или одлуката што да се прави. 1 јануари 2024 година е датумот. Ова го изјави бугарскиот министер за иновации и економски раст Даниел Лорер во одговор на прашањето за планот за воведување на еврото, јавува БГНЕС.

Вчера стана јасно дека партнерите од владејачката коалиција постигнале договор за Националниот план за воведување на еврото. На речиси тричасовниот вонреден стручен совет што го свика вицепремиерот Асен Василев, тие се договориле датумот за влез на еврото да остане 1 јануари 2024 година, а планот да влезе на расправа во парламентот.

„Нашиот прв чекор е да се договориме за планот на ниво на коалициски совет, по што, претпоставувам, ќе стигне во парламентот. Но, нема дебата за датумот. Ова е прифатено од претходната влада, па се движиме по зацртаните датуми“, рече Лорер.

„Во однос на тоа како напредуваме, мојата порака до сите луѓе во бугарскиот парламент и особено до коалиционите партнери е да покажат голема одговорност за овој процес за да може истиот да се одвива што е можно побрзо“, рече Лорер.



Слични Објави