|

Поставени звучни сигнали на семафори во централното подрачје на Скопје

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во текот на денот поставиле осум звучни сигнали за лица со нарушен вид на семафорите на крстосниците: на булеварот Партизански одреди, пешачки премин „Сити мол“, на булеварот Илинден кај Матичната служба, и на улицата Димитрие Чуповски, пешачки премин „Рекорд“.

Како што информираат од јавното претпријатие, обележани се и такси-станици на неколку улици, и тоа Народен фронт кај цветниот пазар, улицата Аминта Трети, булеварот Мајка Тереза, булеварот Свети Кирил и Методиј и пред поликлиника „Јане Сандански“ со вкупен капацитет од 31 возило.

На улицата Димитрие Чуповски санирана била површина на оштетувања во асфалтот од 15 квадратни метри.

Во извештајот се наведва дека ова е дел од работните активности предвидени за големата пролетна акција на ЈП „Улици и патишта“.

Извор: Temite



Слични Објави