| |

Во Охрид беа одбележани 17 години од трагедијата со бродот „Илинден“

Со положување свежо цвеќе пред споменикот на брегот на Охридското Езеро денеска беше одбележана 17-та годишнина од трагедијата со бродот „Илинден“, во која на 5 септември 2009 година загинаа 15 бугарски туристи, јавува БТА.

Почит на жртвите им оддадоа претставници на бугарските дипломатски мисии во Скопје и Битола, на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, на Општина Охрид, како и претставници на здруженија на бугарската заедница во Северна Македонија.

Генералниот конзул на Бугарија во Битола, Петар Петров, потсети дека несреќата се случила на 5 септември 2009 година во 10:30 часот по локално време, кога туристичкиот брод „Илинден“, кој превезувал 57 патници од Охрид кон манастирот „Св. Наум“, се превртел и потонал на околу 250 метри од брегот.

Меѓу патниците имало и група бугарски туристи од Пирдоп и од населените места Антон, Рибарица, Мирково и Златица.

Петров изрази благодарност до сите кои учествувале во спасувањето на патниците, меѓу кои морнарите Васко Маркоски и Драган Наумовски од екипажот на бродот „Александрија“, Зоран Гилевски, капетан Петар Василев, капетанот на бродот „Кристина“ Васко Јанев, како и припадниците на блиската армиска единица предводени од Раде Буџаковски и дежурниот офицер Влатко Димановски.

Тој им оддаде признание и на жителите на Охрид кои се вклучиле во спасувањето на бугарските туристи од бродот „Илинден“.

Претставници на бугарските дипломатски мисии во Северна Македонија секоја година ја одбележуваат годишнината од трагедијата.

Споменикот во чест на 15-те загинати бугарски туристи, поставен на брегот на Охридското Езеро, беше откриен на 5 септември 2020 година.

Слични Објави