|

ДЕТЕ НА 13 ГОДИНИ ОД ЛОНДОН ПОЧИНА ОД КОВИД-19

Дете на 13 години од Лондон ја изгуби битката со коронавирусот, соопшти болницата „Кингс колеџ хоспитал“.

Весникот „Дејли мејл“ наведува дека засега не е познато дали момчето Исмаил Мохамед Абдулвахаб имало и други здравствени проблеми.

„За жал умре 13-годишно дете кое беше позитивно на Ковид-19 и сега сите наши мисли се со неговото семејство во овој момент, на кое му упатуваме сочуство“, се наведува во соопштението на болницата, пренесоа британските медиуми.



Слични Објави